FEATURED TOP LISTS Follow us on twitter
AppAdvice AppAdvice/TV WatchAware

Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна

Lusido.mk

by Ticimax Bilişim Teknolojileri Anonim Şirketi

What is it about?

Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.lusido.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

App Details

Version
1.0
Rating
NA
Size
0Mb
Genre
Business
Last updated
October 7, 2016
Release date
October 7, 2016
More info

App Store Description

Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.lusido.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

- Име и презиме
- e-mail адреса
- Адреса за испорака на нарачката и
- телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
LUSIDO.mk го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

ЛУСИДО ДООЕЛ има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите.
Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл.
Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халкбанка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Халкбанка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица.
Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Disclaimer:
AppAdvice does not own this application and only provides images and links contained in the iTunes Search API, to help our users find the best apps to download. If you are the developer of this app and would like your information removed, please send a request to takedown@appadvice.com and your information will be removed.