LATEST APPSGONEFREE Follow us on twitter
GearAdvice AppAdvice/TV NowGaming WatchAware

Мобилната апликација на Националниот парк Галичица им овозможува на сите посетители да ја доживеат неповторливата убавина на паркот на едноставен начин каде најважните информации се достапни на едно место

National Park Galicica

by Slavisha Kocevski

What is it about?

Мобилната апликација на Националниот парк Галичица им овозможува на сите посетители да ја доживеат неповторливата убавина на паркот на едноставен начин каде најважните информации се достапни на едно место. Апликацијата е достапна на Македонски, Англиски, Холандски и Албански јазик со што е овозможен пристапот до поголема целна група на посетители.

App Details

Version
1.0
Rating
(1)
Size
49Mb
Genre
Lifestyle
Last updated
October 31, 2019
Release date
October 31, 2019
More info

App Screenshots

App Store Description

Мобилната апликација на Националниот парк Галичица им овозможува на сите посетители да ја доживеат неповторливата убавина на паркот на едноставен начин каде најважните информации се достапни на едно место. Апликацијата е достапна на Македонски, Англиски, Холандски и Албански јазик со што е овозможен пристапот до поголема целна група на посетители.

Тука ќе ги најдете сите информации за паркот уредно организирани на мапа со систем за навигација која ви овозможува во реално време да ја следите вашата предвидена рута. На мапата се обележани сите пешачки и велосипедски патеки, а дополнително патеките се илустрирани со високо квалитетни фотографии со поглед од 360 степени. Огромна понуда на туристички атракции, излетнички места, идеи за активен одмор.

Од голема помош ќе ви биде поддршката преку SOS телефонските линии каде директно може да стапите во контакт со Планинската спасителна служба како и други поважни служби. Исто така на апликацијата достапни се најдобрите сместувачки капацитети во границите на паркот и во неговата непосредна околина, а од интернет продавницата може да си одберете сувенири со логото на Националниот парк Галичица. Галеријата со фотографии од флората и фауната како и од незаборавните пејсажи ќе бидат мотив повеќе што поскоро да го посетите Националниот парк Галичица. Со еден збор речено со оваа мобилна апликација ја имате „Галичица на дланка“.

Националниот парк Галичица препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина, прогласен е во 1958 година, со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.

Националниот парк Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на планинскиот масив Галичица, вклучително и делови од нејзините ограноци Исток и Петрино, како и островот Голем Град во Преспанското Езеро. Големите отворени визури кон Охридското и Преспанското Езеро кои ја ограничуваат од исток и запад, придонесуваат во нејзиното јасно визуелно одвојување како засебна целина.

Паркот претставува жариште на биолошката разновидност во регионот, но и пошироко, во глобални рамки. Паркот се издвојува од другите подрачја со слична големина по исклучителното богатсво на живеалишта и видови на релативно мала територија. На површина од приближно 24 000 хектари, се среќаваат повеќе од 37 типови живеалишта, 40 растителни заедници, околу 1600 таксони од васкуларни растенија, над 143 видови лихеноидни габи, повеќе од 480 видови габи и преку 3279 таксони од фауната. Во паркот се среќаваат 4 таксони од без ‘рбетните и 13 од ‘рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени. Неколку стотини ретки и заштитени видови во паркот се претставени со значајни популации. Некои од нив се среќаваат само во границите на паркот и тоа: 29 таксони алги, 12 видови васкуларни растенија, 68 таксони без‘рбетни и 4 таксони од ‘рбетни животни. Покрај тоа, паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или Балканот и тоа: 46 таксони виши растенија, 89 таксони без‘рбетници и 14 таксони ‘рбетници.

Како комплексна целина, паркот заедно со Охридското и Преспанското Езеро, претставува релативно ограничена подрачје со многу богата биолошка разновидност, висок степен на хетерогеност и енедемизам и во таа смисла се смета за навистина многу вреден локалитет во Европа.

**Континуирано користење на Мобилната апликација со вклучени геолокациски сервиси, може значајно да ја потроши батеријата на вашиот уред
**Continuous use of GPS in the background may significantly reduce your battery life

Disclaimer:
AppAdvice does not own this application and only provides images and links contained in the iTunes Search API, to help our users find the best apps to download. If you are the developer of this app and would like your information removed, please send a request to takedown@appadvice.com and your information will be removed.